Трето продолжение на 74. седница

Од:

Собранието денеска треба да го одржи третото продолжение на 74 седница на чиј дневен ред е Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година.

Пратениците на ова продолжение треба да расправаат и за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за градење, Законот за учебници за основно и средно образование и Кривичниот законик.

На дневен ред се и измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за здравственото осигурување и на Законот за учебници за основно и средно образование, како и дополнувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за вработување и работа на странци, Предлог на закон за пробација, Предлог на закон за амнестија,како и автентично толкување на член од Законот за трговски друштва и Информација за загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба