Кичевчанец приведен за поседување пиштол

Од:

Кичевската полиција вчера пронашла и одзела пиштол и рамка со шест куршуми калибар 6,35 милиметри при преглед на кичевчанецот Ф.Е. (50) во угостителски објект во центарот на градот. Ф.Е., кој нелегално го поседувал оружјето, е приведен. 

Настанот, како што соопшти МВР, се случил околу 16:15 часот на ул. „Маршал Тито“ кога Ф.Е. пристигнал во угостителскиот објект. По претходни оперативни сознанија, полициските службеници извршиле преглед врз него и ги пронашле пиштолот и рамката со куршуми.

По претходно известување до Основниот јавен обвинител во Гостивар, Ф.Е. е приведен. Против него и претходно биле поднесувани кривични пријави за што бил и затворски осудуван.
Пиштолот и рамката со оружје биле одземени и предадени на вештачење.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Предраг Петровиќ

Уапсени се тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки