Изложбата Решенија КОП21, организарана во Гранд Пале на маргините на конференцијатаз а климаат во Париз, беше нарушена од страна на демонстранти, кои беа растурени немилосрдно од полицијата, констатираа повеќе новинари на АФП, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Повеќе невладини организации, меѓу кои АТАК или Пријателите на Земјата, организираа лажна посета на изложбата посветена на решенијата кои ги нудат претпријатијата, локалните заедници и асоцијациите за да се борат против климатските промени.
Тие имаа организирано повеќе групи на лажна посета на салонот, за време на кои милитантите на овие асоцијации ја прикажуваа „добрата зелена совест“ која си ја купуваат претпријатијата кои учествуваат на истата.
Придружувани од новинарите кои ја следеа оваа манифестација, тие беа опколени од повеќе агнети во цивил, со ленти на рацете на кои пишуваше полиција или безбедност, а милитантот кој зеде збор беше насилно изваден од салата и истеран надвор. Слична беше и судбината на присутните новинари.
Вкупно 30 учесници на манифестацијата беа протерани од изложбата и потоа контролирани, но немаше апсења.
Инаку оваа изложба е една од ретките манифестации која остана во предвидената програма на КОП21, бидејќи најголемиот број од нив беа откажани по атенатите од 13 септември.