Од почетокот на годината Белгија вратила 536 имигранти во државите преку кои тие влегле на територијата на ЕУ.
Како што јави БТА, меѓу депортираните имигранти има и неколкумина кои биле вратени во Унгарија, што наиде на критики од страна на повеќе организации и активисти за заштита на човековите права.
Критичарите на ваквата одлука го посочуваат решението на Европскиот суд за човекови права, со кое на Холандија и се препорачува да не депортита имигранти во Унгарија, затоа што тие таму добиваат третман на „непријатели на државата“ и односот кон нив е многу лош.
Унгарските власти на вратените имигранти по правило им ги одбиваат барањата за азил и ги депортираат во земјите од кои потекнуваат.
Согласно Даблинските правила, секоја членка на Унијата има право да ги врати имигрантите во земјите на чија територија тие влегле на ЕУ.