Ѓукановиќ: Членството во НАТО не е инспирирано со спротивставување

Од:

Членството на Црна Гора во НАТО не е инспирано со спротивставување на било кого, порача денеска црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, истакнувајќи дека членството ќе ја зајакне стабилноста на земјата и со тоа ќе стане попривлечна за странските инвеститори.

– Навистина голема чест за Црна Гора. НАТО оваа одлука ја донесе во момент кога Европа се соочува со повеќе нови предизвици, кои влијаат врз нејзината безбедност. Членството во НАТО ќе има позитивен ефект за целото црногорско општество. Ќе ја зајакне стабилноста на земјата, а ќе претставува и поттик за натамошните реформи и напредок во преговорите со ЕУ, додаде Ѓукановиќ.

Тој нагласи дека примерот на Црна Гора потврдува како времињата на големи глобални предизвици можат да бидат времиња на големи исчекори.

– Успехот е можен доколку истрајно се следат националните државни интереси. Црна Гора пред неполна деценија ја доби независноста. Поканата да станеме членка на НАТО покажува дека избравме вистински курс, оцени црногорскиот премиер.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Руте ги повикува членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски