Собранието ќе ја продолжи расправата за Извештајот на ЕК за Македонија

Од:

Собранието денеска ќе ја продолжи 74. седница со расправа по Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на собраниската седница во понеделникот рече дека Македонија повторно доби препорака која е седма, но условена со два процеси-приоритетните реформи и имплементацијата на политичкиот договор. На Извештајот, додаде, ЕК ќе се наврати по априлските избори.

– Извештајот во себе содржи три дела. Тоа се политичките критериуми, економските и способноста за превземање обврски за членство во ЕУ, истакна Бесими.

На дневен ред на 74. седница се и измените и дополнувањата на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за градење, на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и по Предлог законот за вработување и работа на странци и по Предлог законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, двата по скратена постапка.

На денешната седница ќе се расправа и по измените и дополнувањата на Законот за учебници за основно и средно образование по скратена постапка, како и по Предлог законот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование, во прво читање.

На дневен ред се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог законот за пробација, Предлог законот за амнестија поднесен од Павле Трајанов и Лилјана Поповска, Предлог законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите во прво читање, како и Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали