Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Од:

Во организација на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија денеска во Скопје ќе биде одбележан 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.

Во рамки на одбележувањето ќе се одржи трибина на тема „Инклузијата е важна: Пристап и зајакнување на сите способности на секое лице со инвалидност“.

Најавено е обраќање на министерот за труд и социјална политика  Фросина Ташевска – Ременски и на претседателот на НСИОМ, Чедомир Трајковски.

Во организација на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност се вклучени и Националниот сојуз на слепи на РМ, Национален сојуз на глуви и наглуви на РМ, Национален сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, Републички центар  за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Национална федерација за спорт и рекреација на инвалидите – Македонски параолимписки комитет и Национален сојуз на инвалиди на трудот на РМ.

Би можело да ве интересира

„Сите сме исти” – Јанкула од Мала Преспа го донира својот трициклот на лица со попреченост

Ана Ололовска

Дебата „Погледни ги способностите – состојбите и предизвиците во вработувањето на лицата со хендикеп“

Ана Ололовска

Конференција за трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност

Ана Ололовска

Масовна средба на лица со телесен инвалидитет

Ана Ололовска

Марш за покревање на јавната свест за проблемите на лицата со параплегија и квадриплегија

Ана Ололовска

Штипското Здружение на телесни инвалиди бара субвенционирање на сметките за вода

Ана Ололовска