НДМ: Несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го доведуваат во прашање одржувањето на изборниот процес во април 2016

Од:

„Народно движење за Македонија бара преговорите за регулирањето на медиумите веднаш да прекинат, бидејќи длабоките несогласувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сериозно го доведуваат во прашање одржувањето на изборниот процес во април 2016. Оттука, НДМ предлага едно преодно решение за медиумската сфера кое би важел осамо за парламентарните избори во април 2016, а кое е во функција на фер,демократски и регуларни избори.

Имено, НДМ предлага утврдување законска обврска за медиумите без финансиски надомест од партиите рамномерно на дневна основа да го распределат времето во 20-дневната изборна кампања на сите партии учеснички во изборите.

Меѓутоа, со цел, приватните медиуми да не трпат финансиска штета, следните изборицелосно да се финансираат од буџетот, односно, на медиумите да им се додели еднократно утврден паричен износ од буџетот како обештетување заради тоа што рамномерно ќе го распределат времето во изборната кампања без надоместок одпартиите кои учествуваат на изборите.

Значи, најважното прашање за медиумите и партиите ќе биде решено – медиумите финансиски ќе бидат обештетени, а партиите ќе добијат еднаков третман за време на 20-дневната изборна кампања“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска