Со Визер од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава

Од:

Скопје од март ќе се поврзе со директна авионска линија со Берлин, Братислава и Копенхаген. Летовите ќе ги оперира нискобуџетната авиокомпанија Визер.

Проширувањето на својата мрежа во Македонија со три нови рути од Скопје, оваа нискобуџетна компанија го најави денеска.

Визер ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин од 21 март 2016 година, додека пак новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се реализираат од 22 и 28 март.

Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата. Билетите за најновите дестинации на Визер се веќе во продажба и почнуваат од 599 денари.

Визер оперира од македонските аеродроми до 24 дестинации кон 11 земји.

– Возбудени сме што ги најавуваме новите три рути од Скопје до главните градови на Данска, Германија и Словачка и сме убедени дека и овие три нови линии ќе бидат популарни како и останатите 21. во нашата македонската мрежа, која постојано расте. Билетите за новите рути се веќе во продажба од денес, вели Тамара Мешвениераџе од Визер.

Визер нуди над 390 рути од 22 бази, поврзувајќи 115 дестинации низ 38 држави.

Би можело да ве интересира

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба

Украина добива нови борбени авиони од Макрон: САД не испраќаат Ф-16, на Зеленски му е доста

A1on

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк