Шефовите на дипломатиите на 28 земји-членки на НАТО денеска постигнаа согласност за упатување на покана за членство на Црна Гора, јави Црногорската радио-телевизија (РТЦГ), повикувајќи се на неименувани извори во Брисел.
Во Брисел денеска почна Министерскиот совет на земјите-членки, а конечната одлука за поканата се очекува утре.
Утре во девет часот и 45 минути е закажана конференција за новинари во Брисел, на која генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе ја соопшти одлуката на министрите.