Либералната партија преку соопштение денеска укажува на коалициските партии вклучени во договорот од Пржино доколку сакаат да спречат ескалација на политичката во финансиска криза потребно е итно да започнат преговори за суштинска трансформација, вклучително намалување на прекумерните буџетски трошења, вишоците во администрацијата и трансформацијата на првиот столб на пензиското осигурување.
Според ЛП со последниот случај, станува јасно дека сервисирањето на буџетските и „пржинските“ обврски тешко ќе се одвива паралелно и затоа потсетуваат од Либералната партија дека банките не може да бидат колатерала во дневно-политичките натпревари на пржинските партнери.
– Државните органи, вклучително Владата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, треба да се водат од државните интереси и нив ги штитат, а банките да продолжат да се водат од својата деловна политика. Оттука, банките не може да сносат одговорност за своето делување доколку истото е согласно законот, наведуваат во соопштението.