Наградени најдобрите млади поети на конкурсот на Агенцијата за млади и спорт

Од:

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска беа објавени најдобрите три творби од конкурсот „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт.

За првонаградена беше прогласена песната „Голотијата ослободува“ на Никола Илијоски, втората награда ја доби песната „Зборови“ на Ана Митричка, а третата награда и припадна на Мануела Златкова за песната „Преку езерото“.

Наградените добија ваучери во вредност од 5.000, 10.000 и 15.000 денари.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, кој ги додели наградите, истакна дека песните од наградените поети и дел од пристигнатите песни на конкурсот ќе бидат објавени во збирка поезија што ќе биде објавена до крајот на годината.

– Во рамки на програмските определби на Агенцијата за млади и спорт за промовирање на младинското творештво и младинската креативност во делот на пишаниот збор, втора година по ред го реализираме проектот „Млади поети“, со кој сакаме да ги стимулираме, поттикнеме и поддржиме младите автори да творат и да ја збогатат македонската литературна ризница, рече Спасески, изразувајќи задоволство што од година во година е се поголем интересот кај младите автори за учество во овој проект.

Претседателот на стручната жири-комисија, Виолета Танчева – Златева ја поздрави иницијативата на Агенцијата за млади и спорт  и оцени дека таа е одлична форма за презентирање на творештвото на младите и неафирмирани автори.

На годинашниот конкурс пристигнаа 160 творби од 97 млади поети на возраст од 15 до 29 години.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска