Најбрзиот човек на сите времиња Јусеин Болт од Јамајка го следеше мечот меѓу Мајами и Бостон, но немаше можност да се радува затоа што неговите фаворити Селтикси беа поразени.
Бостон на отворањето на сезоната во НБА лигата беше совладан од шампионот Мајами.
„Дојдов во Мајами да го бодрам Бостон. Јас сум голем навивач на Бостон и на Кевин Гарнет“, им откри Болт на американските медиуми.
На спринтерот од Јамајка му се допаѓа и еден од кошаркарите на Мајами Хит, кој го потсетува на него.
„Ми се допаѓа како игра Леброн. Се запознавме. Ми се допаѓа затоа што е човек на одлука, а и јас сум таков“, вели Болт.