Шок во Париз, по освојување на првиот сет без загубен гем, вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Мастерсот во Париз откако беше поразен од Американецот Сем Квери со 2:1 во сетови.
И покрај поразот Новак Ѓоковиќ ќе биде број 1 на крајот од годината.
На другите мечеви од денешната програма од 2. коло:
- Давид Ферер (Шпанија, 4) – Марсел Гранољерс (Шпанија) 2:0
- Јанко Типсаревиќ (Србија, 8) – Игор Сијслинг (Холандија) 2:0
- Хуан Монако (Аргентина) – Григор Димитров (Бугарија) 2:0
- Кевин Андерсон (Јужна Африка) – Ришар Гаске (Франција 12) 2:1
- Жил Симон (Франција) – Виктор Ханеску (Романија) 2:0.