Ставрески: Догодина умерен раст на економијата

Од:

Умерен раст на економијата, меѓу највисоките или највисок во регионот, но под потенцијалната стапка што Македонија ја има или ја оствари пред кризата, се владините проекции за претстојната 2013 година.

– Како и да се одвиваат состојбите во однос на европската криза, не може да се очекува драстично, нагло подобрување или враќање на стапките на раст како оние пред кризата. Најверојатно сценарио е постепеното враќање на растот, но со ризици од двете страни во следните две години, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната дебата на БанкЕкспо.

Во однос на кризата, македонската како и сите влади во Европа е пред предизвикот да работи со повеќекратни сценарија.

– Нема едно сценарио зашто постојат повеќе варијанти како ќе се разрешува европската криза и со која динамика. Во сите сценарија е заедничко дека Македонија нема да оствари полош резултат од она што се случува во Европа, ќе оствари подобар резултат. Во делот на буџетот и јавните финансии, состојбите ќе бидат исто така подобри во однос на другите земји, напомена министерот.

Допрва, истакна, следат предизвици, времиња во кои ќе треба да продолжат политиките кои и досега овозможија избегнување на лошите сценарија. Македонија треба да извлече максимум од она што може како мала земја која е во Европа и која ги трпи последиците од кризата.

Владата преку нешто поголемо ниво на буџетска потрошувачка и натаму ќе му помага на стопанството за одржување на нивото на ликвидност до степен кој е можен.

– Ценевме дека во текот на оваа и следната година е покорисно привремено да одиме со проширување на буџетскиот дефицит што ќе овозможи поголема реализација на капитални инвестиции и целосно заокружување на исплатата на обврската кон фирмите. Среднорочно, Македонија ќе оди на постепено намалување на буџетскиот дефицит, истакна Ставрески.

Ако следната година има причина за намалување на буџетскиот дефицит или состојбата во Европа се влоши, Владата е подготвена да најде соодветни решенија.

Според Ставрески, за овој период нема дефинитивен одговор на прашањето дали треба нешто повисока потрошувачка и фискален стимул или треба да се штеди. Сепак, ставот на Владата е дека има потреба преку фискален стимул одмерено да се поддржи економската активност во следните две или три години на криза без притоа да се наруши долгорочната стабилност на јавните финансии.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Орце Костов

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он