А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мисовски до Груевски: Цела јавност ве слушна како сте го подготвувале вандалскиот напад над Општина Центар

by А1он30/11/2015 - 15:5701/12/2015 - 08:36154
Share0

Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, го обвини премиерот, Никола Груевски, дека ги организирал насилните протести во Општина Центар во 2013 година кои резултираа со демолирање на општинската барака и со застој во работата на Советот. Советниците беа заплашувани, а демонстрантите им се закануваа и фрлаа со камења по нив. На денешните пратенички прашања Мисовски праша дали премиерот ги организирал овие насилни демонстрации, кои немаа разврска во институциите на системот, а Груевски одговори кратко со „не“, дека не стои зад невладината организација „Веритас“.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Не ве прашав дали стоите зад невладината, туку дали сте вие организатор на тие протести. На тоа не ми одговоривте. Сите видоа дека ваши партиски активисти со партиски обелжја извршија насилен напад врз Општината. Јас тврдам дека вие сте организатор зад оној вандалски чин – рече Мисовски.

Тој цитираше разговор од објавените „бомби“ на опозицијата, меѓу, како што рекоа од СДСМ, Никола Груевски и Миле Јанакиевски, каде се договара протестот.

„Подгответе го Мартин и Суле да спремаат од утре ќе маваме. Во петок ќе му пуштиме 2000 луѓе, да си влезат внатре за на градоначалнико некој да стане да му мавне 3-4 шамари. Нема да биде предме на кривична пријава, но ќе има прекршочна, и нема да дозволиме Општина Центар никогаш во мандатот на Жерновски да проработи“, прочита пратеникот.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Целата македонска јавност можеше да ве чуе како вие сте го подготвувале нападот. Две години во извештајот на Европската комисија за напредок јасно е наведено дека Владата на Република Македонија и МВР под протиосок не сака завршница на овој случај – посочи тој.

Протестите што се случија во јуни пред две години завршија без судски епилог затоа што МВР не ги гонеше сторителите. Подоцна се покажа дека најгласните демонстранти на овие протести се партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ. Медиумите објавија фотографии на дел од нив сликани со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Маја Васева

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто