Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави оти се надева дека новиот договор за климатски промени, кој ќе го замени Протоколот од Кјото, ќе биде постигнат со заеднички напори.
– Се надеваме дека ако ги здружиме напорите ќе можеме да постигнеме нов договор за климатските промени, кој ќе го замени Кјото и ќе биде во интерес на сите држави и народи по 2020 година, посочи Путин во обраќањето на меѓународната конференција за климатски промени во Париз.
Путин посочи дека Русија сака новиот договор да биде сеопфатен, ефикасен и рамноправен.
– Поддржуваме долгорочна цел на работа на новиот предлог-договор, со кој ќе ограничи растот на температурата на два степени Целзиусови до крајот на 21 век, наведе Путин.