Русите најдоа доказ, Јети се наоѓа во Сибир

Од:

Руските научници изјавија дека извршиле ДНК тестирање на влакна за кои се претпоставува дека му припаѓаат на Јети и оти откриле постоење на непознат цицач мошне сличен на човекот.

Тестовите, како што јавија руските медиуми, биле извршени на примероци влакна кои биле најдени во една пештера во Сибир за време на меѓународно организирана експедиција.

„Имаме десет примероци од влакна што ги истражуваме. Заклучивме дека му припаѓаат на цицач, но не на човек. Влакната, исто така не им припаѓаат ниту на пзонати животни од регионот, како што се мечки, волциу или кози“, изјави професорот Валентин Сапунов.

Анализите биле извршени во Русија и САД, а научниците од три лаборатории се согласуваат дека влакната му припаѓаат на човеколико сушптество кое не е Хомо сапиенс, но кое е далеку посродно со човек отколку со мајмун .

„Три познати универзитети во своите лаборатории избршија тестови на ДНК од пронајдените влакна и рекоа дека тие му припаѓаат на суштество кое според биолошките параметри му е поблиско на Хомо сапиенсот, отколку на мајмунот. ДНК на Јети, судејќи по се, од човековата се разликува само за еден насто“, рече Сапунов.

Влакната биле пронајдени пред една година во пештерата Азаскаја во планината Шорија во Сибир. Експедицијата ја поредводел д-р Игор Биртсев, водечки руски заговорник на теоријата за постоење на снежниот човек.

Извештаите за средби со Јети веќе со столетија пристигнуваат од многу земји. Но ова суштество, доколу постои, со години успева да го избегне фаќањето, ниту пак некогаш биле пронајдени останки од Јети.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина