Лилјана Поповска од ДОМ, на почетокот на седницата за пратенички прашања со процедурална интервенција побара оддржување надзорна расправа за проблемот со загадувањето на воздухот.
Ова е заклучок и јавно превземена обврска нејзина и на пратеникот Стефан Богоев од СДСМ од јавната расправа на Мобилниот парламент на МОСТ одржана на 17.11.2015 година.
Ова барање е поддржано од пратеничката група на СДСМ, ЛДП, НСДП и ПДТ.
Поповска побара јавно ветување од Претседателот Трајко Вељаноски дека ќе се заложи ваква расправа да се одржи, затоа што е ова ургентно важно прашање, имајќи предвид дека доаѓањето на зимата ја влоши состојбата со загадувањето и тоа драматично се одразува врз здравјето на граѓаните. Претседателот Вељаноски позитивно се изјасни за предлогот.