(ВИДЕО) Брајант: Ова е мојата последна сезона

Од:

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата Коби Брајант најави повлекување од паркетот на крајот од сезоната. Во својата кариера тој настапи само за еден тим Лос Анџелес Лејкерс и освои пет титули во НБА лигата, еднаш беше МВП на првенството, а во два наврати и МВП на финалето.

Во „Ол стар“ тимот беше избран 17 пати.

Брајант (37) во последните две сезони поради повредите одигра само 41 натпревар од 164 на неговиот тим, а тоа беше и пречка да собори уште рекорди.

Во своето емотивно обраќање тој ја соопшти својата одлука за крајот на кариерата.

– Оваа сезона е се што ми остана . Моето срце може да го издржи брзиот пулс, умот може да го издржи притисокот, но моето тело ми вели доста е.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on