Шампионот Голден Стејт ја забележа 18-та победа од почетокот на сезоната и уште еднаш го подобри рекордот по стартни триумфи во една сезона во НБА лигата.
Ноќеска пред шампионот немоќен беше тимот на Сакраменто.
Најзаслужни за 18-та победа на „воините“ беа Стеф Кари со 19 поени и Грим со 17 поени (17 во првата четвртина), додека Грин имаше „трипл-дабл“ 13 поени, 11 скокови и 12 асистенции.
Резултати на седумте натпревари одиграни ноќеска:
Голден Стејт – Сакраменто 120:101,
Портланд – ЛА Лејкерс 108:96,
Јута – Њу Орлеанс 101:87,
Сан Антонио – Атланта 108:88,
Далас – Денвер 92:81,
Кливленд – Бруклин 90:88 и
Вашингтон – Торонто 82:84.
Вечерва се играат осум натпревари.