НСА се откажува од следење на телефонските разговори на Американците

Од:

Американската Агенција за национална безбедност ќе ја прекине контроверзната програма за прибирање на податоци за телефонските разговори на државјаните на САД, чие постоење го обелодени поранешниот соработник на американските јани служби Едвард Сноуден.

Како што јави ТАСС, ваквата мерка се предвидува со Законот што во јуни годинава го усвои Конгресот на САД, а сега го одобри американскиот претседател Барак Обама.

Со докумнетот, кој во американската јавност беше наречен „Закон за слободата во САД“, НСА се обвзрува да престане со прибирање на податоци за времето, должината и соговрниците на сите телефонски разговори во земјата.

Со програмата на НСА, според властите, не била регистрирана содржината на телефонските разговори, но самото нејзино постоење предизвик бурни реакции во јавноста и особено на организациите за заштита на човековите права, кои ги обвинија тајните служби дека „се мешаат во приватните животи на американските граѓани“.

Законот не забранува регистирарање на разговорите од страна на телефонските оператори, но за да можат да ги добијат овие податоци, тајните служби ќе треба да добија одобрение од специјален суд.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија