Непознати вооружени лица застрелаа четворица полицајци при напад недалеку од Каиро, пишува електронското издание на весникот „Ахрам“, јави ДПА.
Маскираните напаѓачи биле на мотоцикл и отвориле оган врз контролен пункт на силите за безбедност во Гиза, по што избегале.
Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за нападот.
Нападот е извршен четири дена, откако седум лица, вклучувајќи двајца судии, четворица полицајци и цивил, загинаа во бомбашки напад во северниот дел на Синајскиот полуостров. Огранок на ИД ја презеде одговорноста за тој напад.