СДСМ не се согласи со ново задолжување од 100 милиони евра!

Од:

„Денеска СДСМ, преку дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, го употреби законско право и не се согласи со најавенето ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот пазар, најавено за вторник 01.12.2015 година.

Груевски и Ставрески сакаат да ги задолжат граѓаните на Република Македонија кај домашните банки за нови 100.000.000 евра.

Ова ново задолжување е доказ дека државната каса е празна и зависна од нови и нови задолжувања. Ова задолжување е доказ дека е загрозена исплатата на платите и пензиите, до тој степен што државната каса е во состојба да не може да ги дочека средствата од еврообврзницата кои треба да бидат оперативни за само неколку дена.

Граѓаните слушнаа од проектот Вистината за Македонија како токму Зоран Ставрески вели дека „ќе истури 200 милиони евра пред избори“.

СДСМ има обврска пред граѓаните и пред законот да не дозволи повторување на вакви изборни измами.

Дополнително, СДСМ има обврска да не дозволи дополнително задолжување на идните генерации.

Особено по изјавата на Зоран Ставрески од 24.11.2015 година дека со задолжувањето од еврообврзницата обезбедени се средства за непречено извршување на обврските на Буџетот и во 2016 година.

Нема дилеми дека секое дополнително задолжување претставува обид за финансирање на различни форми на изборна измама и корупција, за што во неколку изборни циклуци мисиите на ОБСЕ/ОДИХР упатија сериозни забелешки за злоупотреба на државните ресурси во изборни цели и тек на кампања.

Почитувани граѓани, ова е уште една потврда дека застапеноста на опозицијата во клучните ресори на владата на Груевски е во интерес пред се на граѓаните и во функција на спречување на злоупотребите пред избори.

Денеска уште еднаш покажавме како во иднина ќе управуваме со јавните финансии. Покажавме дека наша грижа ќе бидат не само сегашните,туку и идните генерации.“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата