Буџетот на Град Скопје за 2016 година изнесува 6,9 милијарди денари

Од:

Советот на Град Скопје на 56-та седница го донесе предлог-буџетот за 2016 година кој изнесува 6,9 милијарди денари, што е за 16 отсто поголем во однос на оној од 2015 година. Основниот буџет на Градот изнесува 4.798.816.000 денари.

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски пред советниците рече дека станува збор за буџет правен по транспарентна постапка за потребите на град Скопје и на неговите жители.

– Се работи за развоен буџет со голем број капитални проекти и инвестиции кои значително ќе го подобрат животот на жителите на град Скопје. Со него се опфатени проекти во сите области на општеството, рече Трајановски.

Трајановски објасни дека со буџетот се предвидени капитални проекти во сите општини на Град Скопје. Според него, во општина Центар ќе се проширува дел од булеварот Тодор Александров, ќе се реконструира улицата Кеј Димитар Влахов, како дел од плоштадот Пресвета Богородица.

Во општина Карпош ќе се гради кружен тек на булеварот 8 Септември, ќе се гради фекална канализација на улица Московска по должината на булеварот Партизански одреди.

Со буџетот се предвидени и реконструкции на улици и во Кисела Вода, реконструкција на булеварот Борис Трајковски, продолжување на булеравот Србија до улица Христо Татарчев со кружна крстосница, како и реконструкција на три други улици.

Во општина Сарај ќе се реконструира главната улица Сарај и улици во Глумово. Во општина Ѓорче Петров ќе продолжи реконструкцијата и проширувањето на булеварот Партизански одреди до кружниот тек кај црквата Свети „Петар и Павле”, а во Шуто Оризари ќе заврши новиот водовод.

Во Аеродром ќе заврши втората фаза од проектот за проширување и за реконструкција на булеварот Трета Македонска бригада, како и реконструкција на крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев. Ќе се прошири и булеварот АСНОМ во делот на Керамидница до новата сала „Јане Сандански“ .

Во Гази Баба е планирано да се заврши првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на улица Маџари, доизградба на кружниот тек помеѓу улиците 16 Македонска бригада и Коце Металец на влезот во населбата Железара, ќе се прошири булеварот Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант и ќе се реконструира дел од улица Алија Авдовиќ.

Во Чаир се планира реконструкција и проширување на булевар Христијан Тодоровски Карпош, изградба на четврта лента на Пластичарската улица и изградба на атмосферска канализација на улица Џон Кенеди и Кемал Ататурк.

Во Бутел ќе се пробива булеварот Христијан Тодоровски Карпош и ќе се поврзе со обиколницата, ќе се реконструира дел од улицата Александар Урдаревски и ќе заврши изградбата на нова атмосферска канализација на Александар Урдаревски и Боца Иванова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето