Почитувани пријатели
Ве замолуваме за помош на малечкиот Христијан Тодоровски кој има само 10 месеци. Од почетокот на неговиот живот па се до денес тој е во болница без поставена дијагноза. По прегледите кои се вршени во Словенија е утврдено дека има (FHLH)Familial hemophagocytic lymphohistiocytosis, но без сигурна дијагноза….
„Се сомнева на хистеоситоза, но според симптомите може да биде некој вид од оваа болест или уште поредок вид на болест. Според директорката на клиниката неговите симптоми наликуваат на болест што може да е во десетте најретки болести“, вели Драган Тодоровски, татко на Христијан.
Сега се чека на Фондот за здравствено осигурување. Второстепената треба да реши дали Христијан ќе замине. Барањето се уште е во постапка, информираат од фондот.
„Го прашувам јавно министерот како да имаме уште деца кога јас нема да ја дознам болеста што сега ја има син ми“, прашува Тодоровски.
Моментално детенцето е на онколошкото оделение во Клиниката за Детски Болести во Скопје каде прима терапија со цитостатици, но неговата состојба се влошува од ден на ден. Директорката на клиниката и член на комисијата во фондот вели дека нема цена за детскиот живот.
„Мора да се направи последниот напор и да се прати во релевантна болница, која е единствена во Европа за ретки болести“, вели Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.
Целото лечење ќе чини 350 илјади евра. Доколку фондот одобри ќе покрие 80 проценти од сумата, останатото ќе треба семејството само да плати.
За да се постави точната дијагноза детето мора итно да се транспортира во Германија, во Хамбург, која има добар протокол за Хистоцитоза, но целото лекување, испитување и транспорт се на трошок на родителите.
Затоа, да помогнеме!
ONE 075 143 777 (само за корисниците на ONE)
VIP 077 143 778 (само за корисниците на VIP)
И жиро сметка во Тутунска Банка
Донација за Христијан Тодоровски
2107000006012-45