Неславен рекорд на Филаделфија во американскиот спорт

Од:

Филаделфија влезе во историјата на американскиот професионален спорт со негативен рекорд од 26 порази во низа, сметајќи ги и загубените дуели од крајот на минатата сезона. НБА тимот од Пенсилванија ноќеска загуби од Бостон со 84:80 и се изедначи со најлошото достигнување на НФЛ тимот Тампа Беј Баканирс од сезоната 1976/77 година.

Воедно, за Филаделфија ова беше 16. пораз од почетокот на новата сезона, а полош старт во една сезона има само Њу Џерси Нетс кој изнесува 18 загубени средби.

Резултати од ноќеска одиграните НБА натпревари:

Шарлот – Вашингтон 101:87,
Орландо – Њујорк 100:91,
Бостон – Филаделфија 84:80,
Детроит – Мајами 104:81,
Торонто – Кливленд 103:99,
Хјустон – Мемфис 93:102,
Милвоки – Сакраменто 118:129,
Минесота – Атланта 99:95,
Оклахома – Бруклин 110:99,
Сан Антонио – Далас 88:83,
Феникс – Њу Орлеанс 114:120 и
ЛА Клиперс – Јута 91:102.

Пласман Источна конференција: Кливленд 11-4 (победи-порази), Чикаго 9-4, Мајами 9-5, Индијана 9-5, Торонто 10-6, Шарлот 9-6, Атланта 10-7, Детроит 8-7,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 16-0 (победи-порази), Сан Антонио 12-3, Оклахома Сити 10-6, Далас 9-7, Мемфис 9-7, Јута 7-7, Феникс 7-8, ЛА Клиперс 7-8,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on