Средба на министерот Спасовски со претставници на ЗНМ

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска имаше работна средба со Насер Селмани и Столе Наумов, претставници на Здружението на новинари на Македонија.

На средбата, соопшти денеска МВР, било дикутирано за нападите врз новинарите и медиумите кои се случија во изминатиот период во Република Македонија.

Министерот Спасовски и претставниците на ЗНМ се согласиле дека нападите врз новинарите претставуваат директен напад врз основното право на граѓаните да бидат информирани и тие не смеат да бидат толерирани.

Како што стои во соопштението од МВР, Спасовски потенцирал дека во интерес на почитување на демократските принципи, ќе бидат превземени сериозни мерки за итно расветлување на овие инциденти. Тој ја изразил подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за понатамошна соработка со ЗНМ, со цел обезбедување на достоинствени услови за вршење на новинарската професија.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа