СДСМ: Мора да има одговороност за скандалот со анкетите

Од:

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени во скандал како преку општина Аеродром злоупотребуваат деца во училиштата и ги партизираат образовните институции.

ВМРО-ДПМНЕ немаат никаков срам ниту елементарно чувство за морал и основни вредности.

Делењето на анкети на децата во училиштата во општина Аеродром е класична злоупотреба на децата спротивно на законот за основно и средно образование, кој забранува било какво политичко делување во училиштата.

Просветниот пазарен инспекторат е должен да им оговори на граѓаните што превзема.

Просветниот инспекторат мора да реагира и секој што го прекршил законот да сноси одговорност.

На Никола Груевски не му е доволно што направи хаос во образовниот процес па на два месеци на крајот од мандатот ги злоупотребува децата во училиштата.

Затоа граѓаните имаат идеја: Збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците