Усвоен буџетот на Град Скопје за 2016

Од:

Советот на Град Скопје на 56-та седница го усвои Предлог-буџетот на главниот град за 2016 година, кој изнесува 6,9 милијарди денари.

Има зголемување од 16 проценти во споредба со Буџетот на Град Скопје за 2015 година. Основниот буџет на Град Скопје за 2016 година изнесува 4.798.816.000 денари.

– Буџет е направен во транспарентна постапка за потребите на Град Скопје и неговите жители. Станува збор за развоен буџет со голем број капитални проекти и инвестиции кои значително ќе го подобрат животот на жителите на Скопје. Со него се опфатени проекти во сите области-урбанизам, сообраќај, образование, екологија, култура, спорт, енергетска ефикасност, промоција на туризмот во Скопје, изјави градоначалникот Трајановски пред советниците.

Тој истакна дека со овој буџет се предвидени капитални проекти во сите десет скопски општини. Во општина Сарај ќе се реконструира главната улица, ќе продолжи реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Партизански одреди“ до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, ќе продолжи проектот за пробивање на тесните грла на улицата „Борис Сарафов“, ќе се гради кружен тек кај Хубо Маркет, на булеварот „8 Септември“…

Во 2016 година ќе се проширува дел од булеварот „Тодор Александров“, ќе се реконструира улицата „Кеј Димитар Влахов’, како дел од плоштадот „Пресвета Богородица“, ќе се реализира третата фаза од проектот за проширување и реконструкција на булеварот „Борис Трајковски“ на потегот од фабриката „Стакларница“ кон населбата Драчево…

Во подготовката на буџетот, како што информира Град Скопје, се вклучија сите политичка партии застапени во Советот, како и сите десет општини преку давање предлози за проекти кои тие сметаат дека е неопходно да се реализираат. Граѓаните се вклучија во процесот на креирање на буџетот на Град Скопје преку нивните најнепосредни претставници од урбаните и месните заедници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат