Професионалниот мешан хор „Про Арс“ вечер ќе одржи концерт во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Концертот е во рамки на 16. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“.
Диригент на концертот ќе биде Сашо Татарчевски, а премиерно ќе бидат изведени композиции наградени на конкурсот на Министерството за култура на Република Македонија за нови хорски дела.
Хорот „Про Арс“ е формиран во 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски по повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и по анализа дека во Македонија недостига ваков ансамбл.