ЛДП: Секуларноста на државата е темел на мултиетничко општество

Од:

Случувањата во Битола од минатата недела, кога масовно се злоупотребија децата од неколку основни училишта во име на православната религијата, во проект насловен како “Децата за доброто и светлината“, на иницијатива на наставници, кои инаку факултативно во основните училишта го предаваат предметот “Етика на религијата“, претставува директен упад во секуларноста на државата. Одделеноста на религијата од државата е уставна категорија, како и ширење на верска нетолеранција, ксенофобија и поттикнување на нетрпеливост и омраза кон другите со поинаква конфесионална определба.

ЛДП потсетува дека религијата е лична определба, а во мултиетничко и мултирелигиозно општество какво што е нашето, фаворизирање на било која религија, преку злоупотреба на малолетни деца е крајно опасна, тенденциозна и непромислена постапка која ја заострува нетрпеливоста на религиозен, но и на етнички план.

Крајно недозволиво е најпрво, било каква религиозна активност надвор од образовните институции, каде е предвидено одвивањето на предметот Етика на религиите, кој е факултативен, а не обврзен, а потоа и фаворизирање на една религија, во овој случај православното христијанство, на сметка на другите религии, кога со Устав е загарантирана слободата на вероисповест и еднаквост на религиозната припадност. Македонија е мултиетничко и мултиконфенсионално општество и само со толеранција и меѓусебно почитување, и пред се почитување на правниот систем и Уставот на РМ, може да опстанеме како граѓанско општество.
Оттука, ЛДП бара санкционирање на организаторите на настанот, по основ на ширење на ксенофобија и нетолеранција, почитување на обврската предметот Етика на религиите да биде само факултативен, а не обврзен и да се одвива само во образовните институции, кое исто така, за жал, претставува нарушување на секуларноста на државата.

Сметаме дека ваквите активности имаат за цел поттикнување на верска нетолеранција и нивната зачестеност, како што беа и случувањата во Крива Паланка и нападот на муслиманските верници, е со цел создавање раздор и ширење на ксенофобија, како краен, но опасен одговор на процесите за нормализација на општеството кои се одвиваат со големи потешкотии, секако, со јасна цел – изградба на хомогено граѓанско, мултиетничко и мутликонфесионално општество.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа