Нова книга и изложба на фотографии од Владимир Мартиновски

Од:

Промоција на новата книга „Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам“ на Владимир Мартиновски, во издание на Антолог, како и изложба на негови фотографии насловена „Во движење“ ќе се одржи на 25 ноември во „Концепт 37“ со почеток во 20 часот. Промотор на книгата ќе биде Владимир Јанковски, на изложбата – Влатко Галевски.

„Мартиновски во манир на искусен компаратист во книгата Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам докажува дека не само што современата литература мора да се храни од дијалогот со книжевната историја туку и современата теорија на литературата е невозможна ако во својата основа не е отворена, хибридна, комбинаторичка. Мартиновски во еден лежерен „борхeсовски манир“, со секогаш присутни, но не премногу наметливи референции, во оваа книга, всушност, ја раскажува приказната за она што Гете го нарекуваше „светска книжевност“ – концепт според кој една литература може да биде жива и актуелна само преку спојот и во креативниот дијалог со другата литература, како дел од големиот културен мозаик“, се вели во рецензијата на книгата.

„Во движење“ е првата самостојна изложба на панорамски фотографии од Мартиновски, направени во повеќе градови во светот.

Мартиновски e поет, раскажувач, есеист, теоретичар, преведувач, фотограф. Работи како вонреден професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Автор е на повеќе поетски збирки, книги со есеи и книжевно-теориски студии, а приредил и неколку антологии, како и неколку зборници научни трудови од областа на книжевноста.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска