Делегација на УЕФА во посета на Скопје

Од:

Делегација на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во периодот од 1 до 4 декември по втор пат ќе го посети Скопје, а главниот фокус на посетата е ново скенирање на фактичката состојба на Националната арена „Филип Втори“.

– Претставници на УЕФА ќе направат контрола стадионот, на просторот околу стадионот (пристап, паркинг) и ќе дадат препораки во која насока треба да се одвива модернизацијата. Исто така, ќе се разговара и ќе се разгледуваат можности за одредување фан зони во градот, места и услови за јавно гледање на финалето. Во деновите од посетата на делегацијата на УЕФА планирани се состаноци со работната група одредена околу организацијата на големиот настан,изјави Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

Во „Куќата на фудбалот“ изминатата недела беа одржани два работни состаноци во врска со организацијата на Суперкуп финалето на УЕФА 2017. година во Скопје.

Главна тема на состаноците кои во следниот период ќе се интензивираат е Националната арена „Филип Втори“, презентација на стратешките аспекти во врска со организацијата на Супекупот 2017, договарање на активности кои ќе бидат преземени од град Скопје и АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за републиката согласно Акцискиот план за отстранување на недостатоците на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри