Повеќе скопски општини утре без струја

Од:

Жителите од скопското село Бразда утре од 9:30 до 15 часот ќе бидат без струја. Во периодот од 8.30 до 9.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Саса“ 4 (по ново ул. „1515“) и од улицата „Саса“ број 2 во општина Кисела Вода.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од железничка станица Ѓорче Петров, дел од селото Бардовци, улиците со броевите 10, 12 и 18 во општина Ѓорче Петров.

Без снабдување со електрична енергија утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од селото Љубош, а од 9.30 до 12 часот дел од корисниците од село Визбегово, дел од улицата број 3.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од Дуќанџик и дел од Старата скопска чаршија, а од 9.30 до 15 часот корисниците од улиците „Метохиска“, „Индира Ганди“ и корисниците од улицата „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари. Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Славеј Планина“, „Максут Садик“, „Топаана“, улиците „336“, „356“ и „358“ во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, граѓаните ќе останат без електрична енергија заради технички зафати во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час