Фонтаните во Скопје ќе мируваaт во зимскиот период

Од:

Фонтаните кои се на територијата на општина Центар ќе бидат превентивно конзервирани од 05.11.2012 година, односно ќе бидат ставени во мирување во зимскиот период.

Станува збор за фонтаната на Плоштад Македонија, фонтаната во парк Жена Борец и двете фонтани во река Вардар.

Фонтаната на Плоштад Македонија ќе биде покриена со заштитна покривка, за целосна заштита на системот за водни ефекти и мозаикот на фонтаната од ниските температури.

Ваквиот начин на заштитување е вообичаена практика кога станува збор за конзервирање на големите фонтани и се применувала во сите метрополи.

Фонтаните ќе продолжат со работа напролет, веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство