САД ќе ги намалат емисиите на штетни гасови за 42% за 10 години

Од:

Федералните министерства и институции на САД ќе ги намалат емисиите на штетни гасови за 41,8 проценти под нивоата од 2008 година во наредните десет години, соопшти Белата куќа, една седмица пред конференцијата на ОН за климата во Париз.

Целта ќе биде постигната преку намалување на емисиите на околу 360.000 владини згради, 650.000 автомобили и на широката мрежа за испораки.

Меѓу планираните мерки се намалување за 17 проценти на потрошувачката на енергија во вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА во Хјустон и почнување на изградба на сончева електроцентрала со моќност од 1,6 мегавати.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија