Аргентинските перонисти шокирани од поразот на изборите

Од:

Аргентинските перонисти се шокирани од поразот на изборите, што се одржаа во неделата, на која за прв пат по повеќе од 12 години, победи десно-центристичкиот блок партии и нивниот кандидат  Маурицио Макри.

Кандидатот на перонистичката партија на левоцентристичкиот блок на актуелната претседателка Кристина Фернандез де Кирхнер, гувернерот на провинцијата Буенос Ајрес, најбројна и најбогата во земјата, Даниел Скиоли важеше за фаворит и од него се очекуваше да победи на изборите, што се одржаа минатиот месец.

На октомвриското гласање тој освои нешто повеќе гласови од Макри, но тие беа недоволно за победа, па за прв пат во Аргентина се одржа и втор круг гласање, на кое неочекувано дојде до целосен пресврт, при што мнозинството од гласачите им го сврте грбот на перонистите и на нивниот кандидат.

Официјалните податоци  на изборната комисија покажуваат дека Макри, кој досега беше градоначалник на Буенос Ајрес, освоил 51,5 отсто од гласовите, додека фаворизираниот кандидат на владеачката перонистичка партија  Даниел Скиоли ја добил подршката на 48,5 отсто од Аргентинците.

Разликата меѓу двата блока партии и нивните кандидати изнесува само три отсто, што според аналитичарите во Буенос Ајрес ја покажува длабоката поделба на гласачкото тело и на аргентинското општество.

Во првата изјава по победата, новозибраниот претседател кој раководи и со аргентинската влада, изјави дека ова е „историски ден„ за земјата.

„Сега почнува ерата на промени во Аргентина„- рече Макри пред неколкуте илјади свои симпатизери во главниот град.

Во текот на предизборната кампања тој најавуваше реформирање на домашната економија, напуштање на популистичката политика што во два мандати ја водеше претседателлата Кирхнер, поголема либерализација во економијата, наместо државниот интервенционизам, како и отворање кон странските инвеститори.Макри најави и остра пресметка со корупцијата во земјата.

Перонистичкото движење  својата основа ја има во работничката класа и во левичарењето. Неговите приврзеници сега стравуваат од можноста новата влада да ја скрати буџетската потрошувачка, што се кристеше за популистичките мерки на владата на Кирхнер и од рефромата на социјаната помош, како што најавуваше Макри.

Во првите анализи по изнендувачкиот исход на изборите, Во Буенос Ајрес се вели дека Скиоли беше „хендикепиран од подршката на Кирхнер„ која ја има загубено подршката и меѓу нејзините перонисти, како и дека после трите, едно по друго мандати на брачната двојка Кирхнер, на Аргентинците им здосадило од нив, па го прифатиле барањето на десноцентристичката опозција за промена.

Маурицио Макри е син на еден од најбогатите Арегентинци, бизнисмен и поранешен директор на фудбалскиот клуб „Бока Јуниорс„. Во 1991 година, тој 12 денови помина во заточеништво, откако беше киднапиран од банда на корупциски полицајци кои бараа откупнина за неговото ослободување.

Би можело да ве интересира

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) Камења, солзавци и водени топови-голема пресметка во Аргентина поради реформите на претседателот Милеј