Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија-НСДП на вчерашната седница ја утврдил платформата за подготвување на програмата за предвремените парламентарни избори 2016 година, со што, како што соопштија денеска од партијата, се отворила внатрепартиска дебата околу програмските позиции на партијата. Од партијата сметаат дека опозицијата на следните избори треба да настапи со заедничка програма.
– Централниот одбор на НСДП оценува дека здружената опозиција на наредните избори треба да настапи со заедничка програма пред граѓаните на Република Македонија. Во таа насока, по завршувањето на внатре партиските дебати на партиите кои се дел од опозицискиот фрон, НСДП смета дека треба да започне процес на програмско усогласување и утрвдување на приоритетит на изборната програма на здружаанта опозиција. За веднаш потоа, да уследи и процес на договарање и координација за коалиционен настап и дејствување во рамките на предизборната кампања за парламентарните избори, кои треба да се одржат на 24 април наредната година, се вели во денешното соопштение од НСДП.