Сообраќајот на автопатот „Скопје -Гевгелија“ кај тунел „Демир Капија“ од 11 часот денеска е во прекин, поради сообраќајна незгода, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15-ти овој месец стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март следната година, сооопшти АМСМ.