Голден Стејт го изедначи НБА рекордот по број на стартни победи

Од:

Актуелниот шампион во НБА лигата, тимот на Голден Стејт ноќеска ја забележа 15.победа во исто толку натпревари од почетокот на сезоната и со тоа го израмни рекордот по бројот на победи од стартот на една сезона во најсилната светска кошаркарска лига.

Такво достигнување во историјата на НБА имаат и Хјустон од сезоната 1993/94 и тимот на Вашингтон од далечната 1948/49.

Предводници во победата на Голден Стејт против Денвер беа Клеј Томсон со 21 и Стеф Кари со 19 поени.

Резултати на шест ноќешни натпревари:
ЛА Клиперс – Торонто 80:91,
Бруклин – Бостон 111:101,
Њу Орлеанс – Феникс 122:116,
Оклахома – Далас 117:114,
Денвер – Голден Стејт 105:118 и
ЛА Лејкерс – Портланд 93:107.

Пласман Источна конференција: Кливленд 10-3 (победи-порази), Мајами 8-4, Чикаго 8-4, Индијана 8-5, Торонто 9-6, Атланта 9-6, Вашингтон 6-4, Њујорк 8-6,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 15-0 (победи-порази), Сан Антонио 10-3, Далас 9-5, Оклахома Сити 8-6, Феникс 7-6, Јута 6-6, Мемфис 7-7, ЛА Клиперс 6-7,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on