СДСМ: 817 милиони евра во предизборни цели!

Од:

„На крајот од мандатот, Никола Груевски предизборно, за само еден месец, сака да ги задолжи граѓаните со 817 милиони евра нови долгови и кредити коишто ќе ги враќаат идните генерации.

Ново задолжување со обврзница од 500 милиони евра, нов кредит од Ерсте и Дојче банка со околу 90 милиони евра, нов кредит од ЕБОР од 181 милион евра, ново задолжување кај домашните банки од 42 милиони и 520 илјади евра за рефансирање, заем од 3,5 милиони евра кај домашните кредитори.

Вкупно 817 милиони евра за само еден месец!

„Господинот орочен“, без идеи и без резултати знае само да ги задолжува граѓаните.

Задолжувањето на Македонија веќе надминува 50% од БДП што е катастрофален показател. Македонија одамна го има надминато прагот на задолженост.

Никола Груевски во изминатите 10 години потроши 630 милиони евра за споменици.

Наместо да ги задолжува граѓаните, Груевски можеше дел од овие 630 милиони евра да ги пренамени за изградба на нови фабрики и нови работни места, за нови патишта, градинки, болници, училишта, нови железнички линии, за чиста животна средина.

На иднинте генерации, на младите, Никола Груевски им остава само нови и нови, огромни долгови.

Без резултати и без идеи Никола Груевски им одзема 10 години живот на граѓаните.

Граѓаните имаат идеја: Збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците