Владејачката Народна партија на Австрија со цел поголем надзор на потенцијални терористи, изнесе нов предлог со кој се предвидува домашен притвор, објавија денеска виенски медиуми.
Министерката за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер изјави за Курир дека е отворена за „мерки како што се домашен притвор или електронски алки за потенцијални терористи“.
Партијата во изминатите денови форсираше нов закон за разузнавачките служби со кој се бараат поголеми овластувања за чуварите на редот. Лидерот на партијата и вицеканцелар Рајнхолд Митерленер вели дека кога општеството е загрозено тогаш мора да се направи се полицијата да не биде чекор зад терористите.