Времен сообраќаен режим во Аеродром

Од:

Од 14 до 20 часот денеска ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот, поради меѓународниот ракометен натпревар меѓу РК Вардар и Барселона, што ќе се одржи во 17 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

За сообраќај ќе биде затворен булеварот „АСНОМ“ на потегот со крстосницата со булеварот „Србија“, како и улицата „Васко Каранѓелевски“ од крстосницата со булеварот „Јане Сандански“ кон СЦ „Јане Сандански“.

Од сообраќајната полиција апелираат граѓаните кои ќе дојдат на ракометниот натпревар да ги почитуваат знаците и наредбите што ќе им бидат давани од страна на сообраќајни полициски службеници, а доколку дојдат со возило да го паркираат на околните дозволени паркинг простори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето