СДСМ: Недозволива партизација и злоупотреба на децата

Од:

„Анкетата што беше разделена во училиштата во општина Аеродром е недозволива партизација на образовните инситуции и злоупотреба на децата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за основно и средно образование забранува било какво политичко делување во училиштата.

Дрскоста на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што децата сака да ги злоупотреби како инструмент за нивната политичка манипулација без компас.

Anketa Skoli 1

Бараме Просветниот инспекторат веднаш да превземе мерки и согласно законот да сносат одговорност сите што биле дел од оваа политизација и злоупотреба на децата.

На Никола Груевски како да не му е доволно што направи хаос во образовниот процес, па на два месеци од крајот на мандатот ги злоупотребува и децата во училиштата.

Anketa Skoli 2

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ е изгубена партија, без идеи, соочена со страв од промени и паника од губењето на довербата на граѓаните е проблем на самата партија. Оставете ги децата да учат и да му се радуваат на детството“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана