Експлозија кај Мостар, мета бил генералот на војската на БиХ

Од:

Во тунелот Селаковац кај Мостар дојде до силна експлозија пред возилото во кое беше началникот на Заедничкиот штаб на оружените сили на БиХ, Анто Јелеч.

Експлозивната направа е активирана при поминување на возилото и остави кратер. Генералот Јелеч и луѓето во неговата придружба не се повредени.

Постои сомнеж дека се работи за нов напад, а полицијата претпоставува дека експлозивната направа е фрлена од возило во движење.

Пред два дена Енес Омерагиќ во сараевската населба Рајловац уби двајца војници на војската на БиХ, а потоа изврши самоубиство во својата куќа.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски