СДСМ: „Курир“ се легитимираше како политички субјект

Од:

„Порталот „Курир“ почна да пишува реакции на соопштенијата на СДСМ. Со тоа „Курир“ се легитимираше не само како продолжена рака на уредникот Никола Груевски туку и како политички субјект.

Тоа е вистинското лице на „Курир“ од кое граѓаните се згрозени.

„Курир“ веќе не знае дали реагира како ВМРО-ДПМНЕ или како агенција-партија.

Очекуваме независните здруженија на новинарите да го соопштат својот став околу политичкото легитимирање на „Курир“.

Јасно е, виртуелните вести коишто ги креира „Курир“ по нарачки на уредникот имаат конкретна политичка позадина а тоа е виртуелниот свет на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега гледаме кој го сочинува импресумот на „Курир“ што го кријат од јавноста. Сепак не бил „Курир“ само комјутер во прашање туку штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како и да е. Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.

Затоа и Европската Комисија бара регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

Граѓаните знаат, доаѓа слободна и Европска Македонија.

По 24-ти априли и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација