На дел од улицата „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, в недела од 6 до 17 часот ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Како што соопштија од Град Скопје, привремениот сообраќаен режим е поради изведување прекопи за поставување подземни инсталации, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.
Од градот апелираат учесниците во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.