Книгата „Кузман Капидан од народното предание до Сердарот“ од проф. д-р Марко Китевски е објавена во издание на Здружението за проучување на македонската народна култура „Гирланда“ од Скопје.
Во делото се содржани македонски народни умотворби, постари и современи записи за Кузман Капидан… Рецензент на книгата е проф. д-р Илија Велев.
Споменот за Кузман Капидан и неговите подвизи се уште се живи меѓу македонскиот народ, особено во селата на Дебарца каде што тој дејствувал и од каде што, според народното предание, и потекнувал. Ликот на Кузман Капидан го среќаваме во повеќе македонски народни песни од разни места на етничка Македонија, потоа во народните преданија, но и во некои драмски игри што до неодамна биле изведувани и коишто ја прикажувале борбата меѓу Кузман Капидан и разбојничките банди што доаѓале од дебарскиот крај и правеле пустош во Дебарца, пишува Китевски во делот „Кузман Капидан во споменот на народот“.