Организаторот на нападите во Париз им препорачувал на милитантите да патуваат преку Чешка

Од:

Наводниот мозок на терористичките напади во Париз Абделхамид Абуд на останатите џихадисти им препорачувал да патуваат преку Прага, заради помала веројатност да бидат уапсени.

Тоа, според странските и домашните медиуми го изјавил еден од милитантите во судот во Франција.

Сведокот, кој бил испрашуван по неговото враќање од Сирија, наводно од Абауд добил наредба во Европа да најде лесна цел за атентат кога би биле усмртени што повеќе луѓе.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, чешкиот премиер Бохуслав Соботка, уште во понеделникот по разговорите со претставниците на тајната служба изјави дека еден од терористите, кој е спојуван со нападите во Париз, пред пет и седум години два пати поминал низ Чешка.

Според експертите Абуд бил дел од бригадата на Исламската држава (ИД) која зборува на француски јазик и бил под команда на Салим Бенгален, Французин кој е на листата на најбараните криминалци и за кој се смета дека ги наредил нападите во Париз.
Се претпоставува дека Абуд заедно со своја роднина загина при акцијата на француската полиција во средата во Париз.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ